Недостиг

Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар

,,Зашто и најголемите пустини имаат своја пролет, па макар колку и да е кратка и незабележлива.“ – Иво Андриќ

Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар

Молк

Пукам лесно под притисок.
Веќе не сум безгрижна и детинеста.
Светот на созреаните и возрасните е толку студен и одбивен.
А, тоа толку примамливо детство ….
чекаш да го пречекориш,
го оттурнуваш и бегаш од него.
И тие среќни детски денови бегаат, се бришат.
Остануваат само некои настани, но и тие бледеат.
Сега си возрасен лик, со мобиниот во рака и обврските пред себе.
Мислиш ќе завршат и обврските и проблемите,
конечно ќе се довлечкаш до креветот и потонуваш во сон,
мислејќи дека  сѐ поминало.

Сега не поминува ништо.
Потонуваш во таа бледа слика на ,,исполнет живот“.
Го пиеш кафето, пивото, виното, та што и да е,
сакаш да побегнеш, да заборавиш.

Самотија.
Осаменост.
Врви времето, врви и животот.
Ти си оној истиот со безживотна душа и депримирачки мисли.
Сонуваш и сонуваш.
Правиш планови што – како, ќе биде ли – нема да биде, што и зошто и зошто не и….
Лудилото се засилува.
Осаменоста останува и ти си на она исто место.
На она место каде твоето детство заминало веќе,
каде во светот на зрелите веќе одамна си пречекорил.
Кој сум јас?!
Како сега?!
Што сега со мене?!
А, што со тоа?!
А, ова?!
Што сега?!
Што со животот?!
Зошто?
Зошто?
ЗОШТО??

Тлее ноќта.
Силно светнал мракот.
Тлее и оној немир за оној копнеж по мирот, по одговорот, за среќата,
тлее и оној за што и за зошто.

Моргана*

Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар

Алкохол


Ноќва сум во состојба на делириум.
Мешам коктели од депресија и досада.
Уживам во самодеструктивност.
Можеби сум на крајот од својот извор на креативност.
Можеби рожбата прекинала.
Можеби музата спие мирно на својата постела,
чекајќи ме да ја прегрнам и опијам.
Можеби ме чека и чека да ме опие во прегратка.
Можеби ноќта ќе трае долго како што траат чекорите на алкохолот низ мојата крв.
А, можеби ќе останам и без сон оваа црна ноќ.

Халуцинациите го опфаќаат моето уморно тело.
Го подготвуваат орото на бессознанието.
Ги лулаат моите сетила и екстремитети.
Моите нозе колабираат при малите потези на танц.
А, душава ми плаче со насмевка на лицето.
Тврдоглава е и истрајна.
Не сака, но сака да побегне.
Сака да биде среќна, а пискоти.
Крвта ми врие.

Несвесна сум.
Колку да сум силна, ми требаш.

Моргана*

Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар

Јас сум едно големо ништо.
Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар

Ми недостигаш

Ми недостигаш.
Ми недостига твојот поглед,
усни, дланки, тело, душа.
Најмногу душата !

Не оди..
Те молам не оди.
Заминуваш.

Очите ми тежат.
Полни со солзи.
Немам веќе сили
ни за плач,
ни за тага,
а, толку многу ме обвива,
дено – ноќијата ми се празни.

Ми недостига
и смеата,
и кавгата,
и тагата,
и кафето и јадењето,
и целиот свет со тебе.

Ми требаш!

Не оди те молам …

 

Моргана*

Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар

Сами со својот бол

Не знам што повеќе…
Верувај ми…
Сакам да се убијам,
да си наштетам,
да испијам дланка полна апчиња,
да го наполнам телово,
секое делче,
со алкохол
воздух да нема,
да заминам,
да направам нешто што ќе меосакати…
Само да почувствувам како ти е.

Ти текнува ли,
на овој датум пред еден месец?
Колку беше широка твојата насмевка?
Колку твоите очи среќно светеа?
Колку твојата душа скокаше од возбуда?
Колку ни беше убаво?

Но, се враќам во реалноста.
Црна и полна со океани на солзи.
Не знам што да правам.
Еден ѕид од една страна,
друг – никнал од другата,
а, јас – в средина.
Да не можам да се свртам,
да не можам да погледнам,
да не можам да ги испружам рацете,
да те гушнам ил бакнам.

Да немаме мир.

Погледни ја месечината,
колку е тажна и осамена
– ко нас, двајцата.

Моргана*

Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар

Ми недостигаш.

Ти.
* * *
Имаш моќ да лекуваш и создаваш среќа.
Вреќа од љубов да истуриш врз мојата душа.
А, си само едно обично човечко суштество.
Никнуваат стебленца  живот во мене.

Множество од спомени формираш врз моето слабо тело.
Избриши ги тагата и болката од мене.

Направи да оживее тој мртов дел.
Еднаквост меѓу ѕвездите ноќва.
Држи ме цврсто за себе.
Остави да одвее темнината.
Спречи ја месечината од заминување.
Тагувај со мене.
Избриши ми ги солзите.
Голтни ги.
Апсорбирај ја сета страст во себе.
Штета … за нас, двајцата.

Спиј.
Осамна зора.
Никна и таа.
Цреша.
Една, сама.

Ти.
***

Спиј мирно љубов.
Се надевам дека спиеш мирно,
иако сам,
на својот кревет,
исполнет со мирисите на нашата кожа.

Ми требаш.
Ми недостигаш.
Ми недостига ноќва таа, твоја прегратка,
твојата крв и искра.
Те бакнувам,
со доза на воздржаност.

 

Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар

1.

Ме фаќа носталгија.
Меланхонија.
Една сива сенка се вее пред моите црно – зелени очи.
Ги тера да пукнат.
Да се вжарат.

Се чувствувам толку полно,
а сепак, празно.
Можеби јас сум…
Проблем.

Се плашам.
Се плашам.
Се плашам…

Уморно сонце.
Светла ноќ.
Една од ѕвездите
си ти.

Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар

Назад

Beyonce Feat Andre 3000 – Back to Black

Назад кон црно.
Кон црно вино
кое ги облеало моите вени,
а јас пишувам.
За твојата коса,
за твоето лице
и за твоите канџи
кои ги заби во месово мое.
За тоа колку бевме несреќни,
за тоа колку многу бевме осамени
еден крај друг,
за тоа колку многу ми недостига
твоето неприсуство.
Немав време да се покаам.
Немав време да плачам.
Немав време да размислам
дали е судбина или грешка.
Само да одлучам.
И зачекорив.
Кон друга душа,
чии врати беа широко отворени,
чии очи не го отргнаа погледот од мене,
чии усни не ја напуштија мојата кожа,
чии прегратки не ме оставија.
Можи ли да сакаш двајца?

***

Назад кон црно.
Кон црната облека,
која ми ја мразиш.
Кон црните мисли
и песимизмот,
што ти се одбивни.
Кон мојата црна душа,
која велиш дека е розева.
Како моите усни,
како моите размислувања,
како мојата судбина.

***
Те љубам.
Ми недостига твојата снага.
Ми недостига твојата смеа.
Ми недостига твојот глас.
Ми недостига твојата несериозност.
Ми недостигаш ти.
Ќе успееме ли?
Ќе живееме ли?
Засекогаш?

***

Назад кон црно.
Зашто тоа сум јас.
Зашто тоа е егзистенцијализмот во мене.
Зашто тоа е мојот мазохизам.
Зашто тоа е мојата обвивка.
Зашто тоа е моето скривалиште,
кое е полно со алкохол,
залихи на цигари и чоколадо
и со мојот Ками и Кафка.

***

Назад кон црно.
Кон твојата црна коса.
Кон твојата царска персијска кожа.
Кон твојата будалштина.
Кон твојата прегратка и љубов.

***

Назад кон тебе.
Ти се предадов.
Играј со мене.
Запали ме на клада.
Боди го моето тело со игли.
Гасни ги пикавците на моите вени.
Гризи, касај, удирај ме.
Ти се предадов.
Љуби ме.
Гушни ме.
Сепак, после долго време …
ти се предадов.

Beyonce Feat Andre 3000 – Back to Black
-Моргана*

Posted in Некатегоризирано | Напишете коментар